Страшна глетка: Торес се онесвести на терен и почна да се гуши

Фернандо Торес изгуби свест за време на натпреварот помеѓу Депортиво и Атлетико Мадрид, но неговите соиграчи му го спасија животот. Најпрво тој се удри со Алекс Бергантинос од спротивниот тим и веднаш изгуби свест. За среќа, Шиме Врсаљко веднаш изреагира, го сврти на страна и му ги извади јазикот, со цел да не се задуши. Во прашање беа само неколку секунди во кои мораше брзо да се реагира.



- Неверојатно е како Врсаљко и капитенот на Атлетико, Габи, реагираа во тој шокантен момент. Шиме заврши одлична работа, изјавил лекарот на Депортиво, кој прв од медицинската екипа дотрча до Торес.


Реакциите на останатите фудбалери и публиката беа запрепастувачки. Сите беа исплашени за животот на овој популарен фудбалер. Потоа откако сфатија дека тој е добро, ги нарекоа херои! Торес е во болница и е свесен, иако ќе подлегне на некои дополнителни тестирања, тој е надвор од животна опасност.

Алекс, играчот кој го удри, веднаш по завршувањето на натпреварот го посети Торес во болница, заедно со својот тренер.

- Се удривме незгодно. Се молев да се разбуди што е можно побрзо. Многу сум среќен што се стабилизира, изјавил Алекс.

Торес, ги осигура и своите фанови дека е добро, па твитна од болницата: Ви благодарам на сите на поддршката. Се надевам дека брзо ќе се вратам на терен.

Одличните вести се дека играчот нема трауми на мозокот и дека е во стабилна состојба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...