Лионел Меси со 11 погодок од белата точка во Лигата на шампиони се израмни со Кристијано Роналдо.
Лионел Меси погоди од пенал за 4:1 и стигна до 11 погодок од белата точка. Со овој гол, Аргентинецот се израмни со Кристијано Роналдо, кој беше рекордер со 11 погодоци од најстрога казна во елитната европска лига.
Инаку Меси има 37 погодоци во фазата на елиминации, додека Роналдо е подобар и вкупно 44. Вкупно во ЛШ, Португалецот е за еден гол подобар, има 95 голови, а Меси застана на 94 погодоци.