Сега сме на 166 место на ФИФА листата, што повторно е најслабиот пласман во историјата
Уште еден, нов пад на македонската фудбалска репрезентација на ФИФА рејтингот. Сега нашата селекција е едно место подолу на ранкингот, и сега е на 166 место, што повторно е најслабиот пласман во историјата.
Шанса за искачување на рејтингот е крајот на март кога играме против Лихтенштајн и против Белорусија.
Сега за прв пат во историјата и селекцијата на Косово е пред нашата селекција.