Некогашниот менаџер на ЛА Галакси, Алекси Лалас открива дека Златан Ибрахимовиќ е на добар пат да премина во МЛС.
На одличниот напаѓач договорот со Манчестер Јунајтед му истекува летово, и доколку премиерлигашот не успее да го задржи, Златан Ибрахимовиќ би можел да замине во МЛС листата.
„Галакси е одличен тим. Прават големи работи. Имаат неколку засилувања и навистина се заинтересирани за Ибрахимовиќ, кој би бил шлаг на тортата. Тој би бил одличен промотор на лигата“, изјави Лалас, кој додава дека Швеѓанецот би можел да постане најплатениот играч во историјата на МЛС.