Мурињо потроши над милијарда евра, а Пандев во зема за џабе!

За 74 трансфери во период од 13 години во четири различни екипи потроши 883,8 милиони фунти, што е повеќе од една милијарда евра.

Од 2004 година, кога го презеде водењето на тимот на Челзи, Жозе Мурињо потроши дури 883,8 милиони фунти за транфери на фудбалери во екипите каде што работеше. Тој во овие 13 години беше дел од тимовите на Челзи, Интер, Реал Мадрид, повторно Челзи и сега во последната сезона работи во Манчестер јунајтед. Кога сумата ќе се претвори во евра се добиваат 1 милијарда и 17 милиони евра, што, секако, е вистински рекорд кога е во прашање некој менаџер.

Мурињо може да се пофали дека во своите трансфери го има и најголемиот во историјата на фудбалот бидејќи летото пред почетокот на сезоната го ангажираше Пол Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед за сума од 100 милиони фунти со што ја проби границата и постави задача за другите тимови.

ПАНДЕВ МЕЃУ НАЈИСПЛАТЛИВИТЕ

Меѓу играчите коишто биле ангажирани од страна на Мурињо е и Горан Пандев, кој во зимата во сезоната 2009/2010 дојде од редовите на Лацио како слободен играч.

Таа сезона Интер ја освои Лигата на шампионите, а Мурињо беше презадоволен од игрите на Пандев, па му веруваше во голем дел од натпреварите.

ДУРИ 74 ТРАНСФЕРИ

Во овие 13 години имаше дури 74 трансфери коишто беа направени од страна на Мурињо во тимовите во коишто работеше. Најмногу ги направи во Челзи во првиот мандат кога имаше дури 23 нови фудбалери за четири години. Потоа во Интер донесе 14 за две години, па во Реал за три сезони имаше 13 трансфери. По враќањето во Челзи имаше 20 трансфери за период од три години, додека во Манчестер минатото лето донесе четири фудбалери, но дефинитивно ќе има многу повеќе во летото коешто следува.

ТРОЈЦА ОД МАНЧЕСТЕР ВО ТОП 10

Меѓу најголемите десет трансфери Мурињо има дури тројца играчи коишто летово ги ангажираше во Манчестер јунајтед. Тој пред почетокот на сезоната ангажираше четворица фудбалери, а со оглед на тоа што Златан Ибрахимовиќ беше донесен како слободен играч сосема јасно е дека и тој ќе беше меѓу најголемите трансфери на Мурињо доколку требаше да плати за неговите услуги.

Инаку, број 1 е Пол Погба, кој дојде од Јувентус за сума од 100 милиони фунти.

ИБРА, ШЕВА, КОСТА, ПАНДЕВ...

На списокот на играчи кои биле ангажирани од Мурињо има голем број ѕвезди. Покрај Горан Пандев тука се и Златан Ибрахимовиќ, Андриј Шевченко, Лука Модриќ, Диего Коста... Тоа се големи ѕвезди на светскиот фудбал кои биле тренирани од секогаш контроверзниот Португалецот кој редовно е во центарот на вниманието.

НАЈГОЛЕМИТЕ ТРАНСФЕРИ НА МУРИЊО

1. Пол Погба (Јувентус - МАНЧЕСТЕР Ј.) 100

2. Диего Коста (Атлетико М. - ЧЕЛЗИ) 35

3. Лука Модриќ (Тотенхем - РЕАЛ МАДРИД) 33

4. Вилијан (Анжи - ЧЕЛЗИ) 30

5. Цеск Фабрегас (Барселона - ЧЕЛЗИ) 30

6. Ерик Бејли (Виљареал - МАНЧЕСТЕР Ј.) 30

7. Андриј Шевченко (Милан - ЧЕЛЗИ) 30

8. Хуан Квадрадо (Фиорентина - ЧЕЛЗИ) 27

9. Фабио Коентрао (Бенфика - РЕАЛ МАДРИД) 26,5

10. Хенрик Мхитаријан (Борусија Д. - МАНЧЕСТЕР Ј.) 26

* Сумите се изразени во милиони фунти



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...