Елмаз: Подготвени сме да ја оправдаме довербата

Македонската фудбалска репрезентација составена од играчи од генерацијата 1996/97 ги продолжува подготовките за пријателскиот натпревар против Црна Гора.

Фудбалерот на Работнички Елиф Елмаз вели дека натпреварот против Црногорците е вистински тест за новата генерација фудбалери до 21 година.

- За секој фудбалер е радост што има можност да биде дел од националната селекција, апсолутно не чувствуваме притисок, напротив. За нас е привилегија што сме избрани во составот на Македонија и даваме се од себе да ја оправдаме довербата. Го знаеме начинот на работа во селекцијата, сериозно ги сфаќаме задачите кои ги контролира стручниот тим и мислам дека тоа е правилен пристап. Ова е нова генерација, но имаме квалитет за нови големи резултати. Се надевам на добра игра против Црна Гора, изјави Елмаз.

Средбата Македонија – Црна Гора ќе се игра утре од 14 часот на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...