Буфон пред меч број 1000

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон в петок на средбата меѓу неговата репрезентација и Албанија во Палермо ќе го одигра 1000 меч во кариерата. Првата средба во професионалниот фудбал Џиџи ја одиграл во 1995 година кога како голман на Парма бранеше против Милан. Во моментов Буфон одиграл 612 натпревари за Јувентус, 220 за Парма и 167 за националниот тим на Италија или точно 999 натпревари.

„Возбуден сум бидејќи не станува збор за 100, 200 или 500 меч, туку 1000! Се чувствувам добро и ќе бранам додека ме држат нозете. Сум доживеал многу успеси, но и разочарувања. Повеќето моменти од мојата кариера биле среќни“, изјави ветеранот кој на 28 јануари наполни 39 години.

Тој влегува во друштво на врвни фудбалери кои ја поминале границата од 1000 натпревари во текот на кариерите како Малдини, Раул, Занети, Лампард, Роберто Карлос, Чави, Сидорф, Рожерио Сени... Буфон е на шестото место на играчи со најмногу настапи за репрезентациите, а првиот Ахмед Хасан од Египет има 184 меча.

На клупско ниво Буфон освои седум шампионски титули во Серија А, два во Купот на Италија уште пет во Суперкупот на Италија и двапати беше финалист во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Италија стана светски првак во 2006 година, а шест години подоцна не успеа да се закити и со европската круна откако „Аѕурите“ изгубија во финалето од Шпанија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...