Лондон, 25 март 2017 (МИА) – Раководството на Челзи одлучи да му понуди нов договор на белгискиот интернационалец Еден Азар кој оваа сезона по доаѓањето на Антонио Конте повторно игра во својата препознатлива форма.
Англиските медиуми јавуваат дека Челзи сака да го обезбеди Азар на подолг рок, а тоа е евидентно по подготовка на нов договор, иако актуелниот му истекува дури во 2020 година.
Наводно, за услугите на Азар се заинтересирал Реал Мадрид, па „сините“ од Лондон сакаат да го зацврстат договорот на Белгијанецот.
Сезонава на 26 натпревари Азар постигна 11 гола и четири асистенции и е еден од најзаслужните што Челзи се наоѓа на врвот на табелата во Премиер лигата.