Пандев и другарите ја смачкаа Белорусија со 3:0

Спировски ги „отвори“ гостите во првиот дел, следуваа двата гола на нашиот капитен за убедлив триумф од 3:0. Од денеска Чурлинов со 16 години и 8 месеци е нашиот најмлад фудбалер во историјата кој заиграл за „А“ селекцијата.

Македонија - Белорусија 3:0. Тоа е епилогот на пријателската средба на која нашата репрезентација одигра квалитетно, во текот на целиот меч доминираше и успеа ја „смачка“ селекцијата на Белорусија. Инаку ова е прв пат по 3.5 и повеќе години нашата најдобра селекција да врзе две победи по ред, тука го сметаме и триумфот во петокот над Лихтенштајн.

Стефан Спировски постигна гол за водство во 40. минута, потоа следуваа двата гола на Пандев во 61. и во 70. минута. Прво на капитенот му асистираше Тричковски а за вториот гол асистент беше Алиоски. Инаку со овие два гола Горан Пандев стигна до бројката од 29 голови во нашата најдобра репрезентација. Со што го прекина постот од шест меча по ред без да постигне гол за репрезентацијата.

Со овие две победи, над Лихтенштајн и Белорусија, секако дека на селекторот Игор Ангеловски ќе му биде многу полесно, и секако дека ќе го подобриме и и ФИФА рејтингот.

Чурлинов го урна рекордот на Сулејманов

Од денеска имаме нов рекордер, барем кога станува за тоа кој е најмладиот репрезентативец во нашата А репрезентација. Тоа е Дарко Чурлинов кој со 16 години 8 месеци е нашиот најмлад фудбалер во историјата. И тој е првиот играч кој е роден во новиот милениум. Селекторот Ангеловски го стави во игра во 82. минута кога влезе во игра место Остоја Стјепановиќ. Со тоа Чурлинов го урна досегашниот рекорд на Тауљан Сулејманов со 17 години и 6 месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...