Остануваме цврсто на земја и се трудиме да бележиме подобри резултати

По триумфот над Белорусија остварен вчеравечер во Скопје со 3:0 селекторот на Македонија Игор Ангеловски не го криеше задоволството на прес-конференцијата по натпреварот.

- Го одигравме овој натпревар како да е квалификациски и заслужено победивме. Среќен сум за моите фудбалери што покажаа дека на теренот не се виде разликата од 100 места на ФИФА листата. Не ни треба еуфорија, верувам дека вака ќе продолжиме и во иднина, истакна Ангеловски.

Во „црвено-жолтиот“ дрес дебитираше Чурлинов кој со 16 години и осум месеци стана најмладиот фудбалер во историјата на македонската сениорска репрезентација.

- Среќен сум за дебито на Дарко Чурлинов, но жалам што не постигна гол, тоа ќе беше прекрасно. Ја променивме формацијата, имавме контрола на ситуацијата и реагиравме на нивната промена на системот. Наша работа е да се спротивставиме најдобро што можеме против ривалот. Моите фудбалери ги спроведоа идеите на претходните пет натпревари, но сега дојдоа и резултатите. Две победи без примен гол ни нудат многу задоволство. Мораме да останеме цврсто на нозе и да бележиме уште подобро резултати, рече Ангеловски.

Македонија пред пет дена го победи Лихтенштајн во квалификациите за СП 2018 исто така со 3:0 и по триумфот над Белорусија се очекува двете врзани победи да и донесат скок на априлската ФИФА рејтинг листа на која во моментов се наоѓа на 166.место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...