Марадона „виновен“ за казната за Меси?

Одлуката на ФИФА да го суспендира Лео Меси на четири меча за Аргентина наиде на остри реакции во тамошната јавност па се оди дури и до теории на заговор. „Гаучосите“ се најдоа во тешка ситуација во борбата за место на СП, а може да се случи на крајот да извисат. Меси не го играше мечот против Боливија што Аргентина го изгуби, а ќе ги пропушти и наредните три, како и гостувањето кај Уругвај.

Во барањето на „виновникот“ новинарите отидоа дури до Диего Марадона кого го обвинуваат дека токму тој инсистирал неговиот наследник да добие висока казна. Марадона работи како советник во Светската фудбалска куќа (ФИФА).

„Разговарав со човек вработен во ФИФА и тој ми потврди дека Марадона ургирал за максимална казна за Меси“, напишал на Твитер новинарот Гонса Ступененго.

Аргентинскиот „Оле“ вели дека уддел во тоа има шефот на судиската комисија на Конмебол, Бразилецот Вилсон Сенеме. Се претпоставува дека тој ја покренал целата бура. На снимката по мечот со Чиле минатата недела се гледа дека Меси разменува зборови со бразилскиот судија Сандро Ричи и неговите асистенти, а тие не го ставиле овој инцидент во записникот. Сенеме побарал видеоснимка од ситуацијата, а од делегатот Хорхе Ларионда проширување на записникот со овој инцидент. Снимките заедно со записникот се испратени до ФИФА која подоцна донела одлука за суспензија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...