Дибала: Победивме без примен гол, но не е готово

Младиот аргентински напаѓач Пауло Дибала кој беше стрелец на два од трите голови за Јувентус во победата над Барселона (3-0) во првиот меч од четвртфиналето на Лигата на шампиони одигран синоќа во Торино, смета дека работата не е завршена и дека „Старата дама“ ја очекува тежок меч во реваншот во Барселона.

- Одигравме одличен натпревар, ги искористивме шансите кои ги имавме и задоволни патуваме во Барселона. Многу позитивна е атмосферата во клубот и одиме чекор по чекот. Сакавме ваков резултат, да победиме без примен гол, но ништо не е готово, истакна по мечот Дибала.

Тој алудираше на историскиот „кам-бек“ на Барселона во осминафиналната рунда против ПСЖ кога шпанскиот гигант по негативата од 4-0 по првиот меч во Париз успеа на „Камп Ноу“ да забележи победа со 6-1 и да се пласира меѓу осумте најдобри.

Сепак, Аргентинецот вели дека Јувентус нема да се брани во Барселона.

- Ние сме тим кој се брани и напаѓа со 11 фудбалери и така ќе биде и во реваншот, дополни Дибала.

Возвратниот меч Барселона и Јувентус ќе го играат на 19 април.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...