Енрике: Против Јувентус и со осум напаѓачи

Барселона, 16 април 2017 (МИА) – Тренерот на Барселона, Луис Енрике по синоќешната победа над Сосиедад рече дека на претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус неговиот тим ќе направи се да ја анулира негативата од три гола од првиот меч во Торино.

- На реваншот со Јувентус ќе се бориме до крај, се додека имаме шанса. Во одредени моменти ќе треба да ризикуваме, па ќе нападнеме и со осум играчи. Нема што да изгубиме. Потребно е нашите играчи да веруваат во себе и да се поправиме во некои сегменти, истакна Енрике.

Тој побара поголемо трпение од навивачите и ги повика да помогнат на тимот во завршницата од сезоната.

- Мината сезона освоивме се и навивачите се навикнати да победуваме, но тое не може вечно да трае. Тие мора да веруваат во своите миленици и да ги бодрат и кога резултатите не се какви што сите посакуваме, додаде предводникот на Каталонците.

Барселона во шпанската Примера е на 2.место зад лидерот Реал Мадрид кој има три бода повеќе и натпревар помалку, а во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите во среда против Јувентус на свој терен ќе се обиде да надополни 0:3 од првиот меч во Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...