Победа и пораз за младите фудбалски репрезентации на Македонија

Македонската репрезентација до 14 години ја победи селекцијата на Грузија со 2:0 на натпреварот одигран вчера на турнирот во Ереван, Ерменија на кои учествуваат фудбалските академии кои се под покровителство на УЕФА.

Македонија го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме кога по корнерот на Дарко Стојановски, Славче Живков беше прецизен по удар со глава за 1:0.

Во вториот дел иницијативата ја имаа фудбалерите на Грузија, но нашиот тим од против-напади создаваше шанси и беше опасен по голот на противникот. Бехар Фета искористи грешка на грузиската одбрана и реализираше за 2:0 со што даде потврда на победата на Македонија до 14 години против соодветната селекција на Грузија.

Селекцијата на Македонија до 15 години на турнирот во Ерменија ја загуби со 2:1 од репрезентацијата на Узбекистан.

Голот за Македонија го постигна Стефан Ѓоргиев во 70.минута за во тој момент изедначување на резултатот, но само четири минути подоцна противникот постигна победнички гол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...