Челзи и Тотенхем со најмногу играчи во идеалните 11

Тимовите кои се борат за шампионската титула во Англија, Челзи и Тотенхем очекувано имаат најмногу претставници, по четири, во Идеалниот тим на сезоната, избран од Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија. Ливерпул, Манчестер јунајтед и Евертон даваат по еден играч во тој тим. Интересно е што Златан Ибрахимовиќ и Алексис Санчез кои се меѓу номинираните за наградата Фудбалер на сезоната ги нема во идеалните 11.

Швеѓанецот има извонредна дебитантска сезона во Премиер лигата и веќе има 17 гола во 28 настапи за „Црвените ѓаволи“, а Санчез за Арсенал има еден гол повеќе.

Претставник на Манчестер јунајтед е голманот Давид де Геа, а нема ниту еден фудбалер на Арсенал.

Ромелу Лукаку поради фантастичните настапи и 24 погодоци во елитната англиска лига за Евертон се најде во нападот како партнер на Хари Кејн од „Спарси“.

ИДЕАЛНИОТ ТИМ

Голман: Давид де Геа (Ман.Јунајтед)

Одбрана: Кајл Вокер (Тотенхем), Давид Луис (Челзи), Гери Кејхил (Челзи), Дани Роуз (Тотенхем)

Среден ред: Деле Али (Тотенхем), Еден Азар (Челзи), Н’Голо Канте (Челзи), Садио Мане (Ливерпул)

Напад: Хари Кејн (Тотенхем), Ромелу Лукаку (Евертон)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...