Барселона, 23 април 2017 (МИА) – Екипата на Атлетико Мадрид оствари победа од 1:0 на синоќа одиграниот натпревар од 33.коло од Примера на гости против Еспањол. Стрелец на единствениот гол беше Антоан Гризман во 73.минута.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Осасуна – Хихон 2:2, Виљареал – Леганес 2:1, Малага – Валенсија 2:0 и Севиља – Гранада 2:0.
Вечерва (почеток 20:45 часот) се игра големото дерби на шпанскиот фудбал „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона. На другите дуели од ова коло двојките се: Реал Сосиедад – Депортиво, Селта – Бетис, Лас Палмас – Алавес (денеска) и Еибар – Атлетик Билбао (утре).
Табела: Реал Мадрид 75 бодови, Барселона 72, Атлетико Мадрид 68, Севиља 65, Виљареал 57, Атлетик Билбао 53, Реал Сосиедад 52,...