Докторите зачудени: Ибрахимовиќ е феномен

Златан Ибрахимовиќ се опоравува по операцијата на вкрстените лигаменти, во САД. Шведскиот голгетер се повреди минатиот месец на дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Андерлехт. Веднаш беше јасно дека се работи за сериозна повреда и дека сезоната за него е завршена.

Некои шпекулации беа дека Ибра веќе нема да игра фудбал, но по направената операција, стигнуваат многу позитивни вести од САД. Лекарите кои беа задолжени за операцијата велат дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед е вистински феномен. Агентот на Ибра, Мино Раиола ги пренесува реакциите.

„Колената на Златан се многу силни. Лекарите велеа дека не виделе ништо слично. Нема фудбалер со такви колена, а да поминал 20 години кариера. Совршени се, без никакви оштетувања. Лекарите дури сакаат, по завршување на кариерата, Ибра да се врати во САД и да направат дополнителни истражувања. Тоа се лекари кои работат на најдобриот институт за колена и лигаменти во САД“, вели Раиола.

Според прогнозите, Ибра ќе мора да паузира во следните девет месеци, што значи дека за него е завршена годината. Иако е долг период на рехабилитација, а Златан веќе има 35 години, еден од најдобрите напаѓачи во светот во последниве две децении нема намера да се откаже од активното играње.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...