Премиерлигата им ја троши силата на англиските екипи

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте даде свое видување зошто англиските екипи не може да направат успех во Лигата на шампионите, но и зошто репрезентацијата на Англија речиси секогаш е разочарување на големите натпреварувања.

Според италијанскиот стратег, главна причина за слабите настапи на Англичаните на меѓународна сцена е тоа што играчите се истоштени. Според Конте, Премиерлигата одзема многу енергија на фудбалерите во текот на сезоната и потоа тие се истоштени и не може да го дадат најдоброто од себе.

„Англиската Премиерлига е многу тешко натпреварување. Многу е поразлично од шпанското или италијанското првенство. Верувам дека поради тој факт, англиските екипи тешко прават успеси во Европа, но и националната селекција не може да постигне успех на големо натпреварување“, вели Конте.

На Челзи му недостасуваат само уште шест бода за и дефинитивно да ја освои титулата во Премиерлигата. Лидерот во првенството, денеска на свој терен игра против Мидлсбро. Тотенхем е единствениот тим кој може да го загрози тронот на „сините“ од Лондон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...