Беговиќ: Не го заслужувам шампионскиот медал

Голманот на Челзи, Асмир Беговиќ, објави дека нема да го земе шампионскиот медал затоа што не го заслужува. Челзи ќе добие 40 медали, кои ќе ги раздели на екипата и на стручниот штаб, а Беговиќ иако има само два премиерлигашки натпревара сезонава (против Манчесте јунајтед во април и против Вотфорд во понеделникот), според специјалниот правилник за резервни голмани, треба да добие медал. Сите други кои не одиграле барем пет меча, нема да добијат одличја, а тоа важи за Нејтан Аке, Кенеди и за Ола Ајна.

„Мислам дека треба да се укине правилото за тоа дека мора да имаат одиграно пет меча. Ако си бил дел од екипата во текот на сезоната, многу си жртвувал, си ја одиграл зададената улога, и мора да добиеш награда. Убаво е чувството да се добие медал и благодарен сум за тоа. Сепак, мислам дека мора да се смени правилото со играње на пет средби“, вели Беговиќ.

Легендата Џон Тери има точно пет натпревари и, исто така, ќе биде дел од групата која ќе ги прими медалите на церемонија. Исто така, и Оскар, кој во јануари премина во Кина, меѓутоа во пред да замине таму, одигра девет натпревари.

Рубен Лофтус-Чик ќе биде во истата група, иако одигра само 31 минута. Неговите играчки минути се распределени на шест натпревари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...