Јувентус го освои првиот од трите планирани трофеи

Екипата на Јувентус уште еднаш ја покажа доминацијата во италијанскиот фудбал, откако повторно го освои трофејот во Купот. „Старата дама“, на свој терен во Торино, со 2:0 го победи Лацио и не дозволи никакво изненадување. За Јувентус, ова е рекорден 12. трофеј на ова натпреварување. Прв пат еден клуб се радува три пати во низа, што уште еднаш покажува за каква доминација се работи.

Гигантот од Торино уште во првата третина од средбата го реши победникот. Интересно е што стрелци на головите беа двајца дефанзивни фудбалери. Најпрво Дани Алвеш погоди во 12. минута, а во 24. минута, разликата веќе беше удвоена. Леонардо Бонучи беше стрелец на тој погодок.

Сега на ред е првенството па ЛШ

Во продолжението на средбата, Јувентус со рутинирана игра и со одлична дефанзива не дозволи противникот да се понадева на пресврт.



„Честитки до сите мои играчи. Одиграа одлично, посебно во првото полувреме. И играчите на Лацио заслужуваат честитки. Во вториот дел, ние феноменално се браневме. Овој трофеј го освоивме благодарение на сите играчи во тимот. Сите имаат заслуга што сме на тронот во Купот“, рече тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Стратегот на тимот од Торино додаде дека сега мора да се фокусираат на мечот против Кротоне во првенството. Доколку победи Јуве, тимот ќе ја одбрани титулата и во Серија А. Со тоа, „старата дама“ ќе стане првиот клуб кој шест сезони по ред бил надобар во првенството.

Главна мисија на тимот е сезонава да освои тројна круна. Купот на Италија е освоен, скудетото од Серија А е пред портите, а останува и големиот сребрен трофеј во Лигата на шампионите. Јувентус ќе игра во големото финале во Кардиф, каде што противник ќе му биде шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Инзаги: Требаше да има пенал за Лацио



Лацио остана на шесте титули во Купот. Римскиот тим не можеше да му се спротивстави на подобриот противник. Посебно невозможно е Јувентус да се победи кога игра во Торино. Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, смета дека судиите имале свој удел во конечниот резултат. Според него, „орлите“ требало да добијат пенал во петата минута, кога топката удри во раката на Андреа Барзаљи.

„Немавме среќа. Во првото полувреме имаше една игра со рака, потоа топката удри во гредата. Тие моменти можеа да го променат текот на средбата. Едно финале го решаваат деталите. Одигравме одличен меч, но, за жал, на крајот не се радувавме. Им честитам на играчите за сѐ што направија во текот на целата сезона“, рече разочараниот Инзаги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...