Пандев фати бонус и остана во Џенова

Со настапот против Торино се исполни условот на фудбалерот со кој по автоматизам се продолжува неговиот договор со сегашниот клуб. Горан Пандев и Џенова ќе бидат заедно и во наредната година.

Џенова и во наредната сезона ќе го задржи Горан Пандев, затоа што тој ги исполни условите со кои по автоматизам се активира клаузулата за продолжување на соработката. Како што дознаваме, Горан Пандев и екипата од Серија А пред две години потпишале договор на 2+1 година, со што услов тој да остане во клубот се потребните 20 настапи во втората сезона.

Струмичанецот во неделата, на дуелот со Торино, ги одигра последните 30 минути, со што стана јасно дека условот е исполнет. Со тоа, се продолжува и договорот на уште една сезона. Пандев во оваа година има 20 настапи и три гола (сите пролетва), со кои Џенова успеа да обезбеди опстанок во елитата на едно коло пред крајот на шампионатот.

До пензија во Џенова

Горан Пандев летово ќе наполни 34 години, со што, најверојатно по крајот на идната сезона, ќе одлучи да се пензионира. Со новиот договор Пандев пред себе ќе ја има јубилејната 15. сезона во Италија. Тој зад себе има една сезона во Анкона, пет во Лацио, три во Интер и три во Наполи. Пред него е и третата сезона во дресот на Џенова, а зад него, во „калчото“, 75 постигнати гола. Ретко кој наш фудбалер ќе ги повтори споменатите бројки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...