Манчестер Јунајтед победник на Лига Европа

Стокхолм, 25 мај 2017 (МИА) – Екипата на Манчестер Јунајтед синоќа во финалето од Лигата Европа го победи Ајакс со 2:0 и со тоа го освои трофејот во Лигата Европа. Премиерлигашот на 8 август во Скопје ќе игра во Супер купот на УЕФА.

Во финалето пресудна за победата на Манчестер Јунајтед беше мудрата тактика поставена од Жозе Мурињо.

Головите за „црвените ѓаволи“ ги постигна Пол Погба во 18.минута и Хенрик Мхитарјан во 48.минута.

Манчестер Јунајтед на овој начин обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, бидејќи во Премиер лигата го освои шестото место.

Воедно Манчестер Јунајтед е вкупно петата екипа која има освоено пехар во сите европски натпреварувања, а тоа претходно го имаа направено: Баерн, Јувентус, Челзи и Ајакс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...