Мората ја прифати понудата на Милан

Милано, 25 мај 2017 (МИА) - Шпанскиот напаѓач Алваро Мората е нов играч на Милан. Играчот од нападот одлучи да ја прифати понудата и Милан следната сезона ќе го носи дресот на италијанскиот гигант. Мората не сакаше да ги чека најавените понуди од Манчестер Јунајтед и од Челзи и веднаш ја прифати понудата од Милан, а наскоро и официјално ќе стане член на овој тим, објавија италијанските медиуми.

Шпанецот на „Сан Сиро“ ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона, а Реал како обештетување за предвремен раскин на договорот ќе добие околу 60 милиони евра.

Воедно за Мората овој трансфер ќе значи враќање во Италија. Тој од 2014 до 2016 играше за Јувентус во Торино, каде што освои две титули. Минатото лето тој одлучи да се врати во Реал, но не се избори за стандардно место во првите 11. И покрај тоа што беше резерва на Карим Бензема, оваа сезона одигра вкупно 42 натпревари за Реал во сите натпреварувања и постигна 20 голови.

Последниот натпревар во дресот на „Кралевите“ ќе го игра против поранешниот негов тим Јувентус во финалето на Лигата на шампионите, на 3 јуни во Кардиф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...