Македонија и Турција одиграа без голови

Фудбалските репрезентации на Македонија и Турција одиграа контролен, пријателски натпревар без голови.
На средбата одиграна на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, Македонија и Турција одиграа 0:0.

Ова е трет меч во низа на кој црвено-жолтите завршија без примен гол и без пораз, по победите над Лихтенштајн и Белорусија.

Избраниците на Игор Ангеловски го надиграа силниот противник, но немаа среќа да се радуваат на победата. Нашите фудбалери постигнаа два гола, но беа поништени поради офсајд. Даниел Мојсов во 19.минута по центаршут на Алиоски постигна погодок, но неоправдано беше поништен од бугарската судиска тројка поради наводен офсајд. Алиоски во 54.минута вторпат ја затресе мрежата на Турција, но повторно судиите го поништија погодокот, поради пасивен офсајд на Пандев.

Најдобрата шанса за триумф ја имаше Иван Тричковски во 88.минута, но голманот Бабакан ја спаси од пораз екипата на Фатих Терим.

Македонија преку Пандев, Стјепановиќ и Трајковски од слободен удар имаше шанси за гол, но немаа среќа да се радуваат на водство.

Турците во текот на целиот меч немаа директен удар во голот на Димитриевски.

Нашата селекција на 11 јуни игра против Шпанија во натпревар од 6. коло во квалификациите за СП во Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...