Бош две години во Борусија

Борусија Дортмунд го потврди Петер Бош за свој нов тренер

Холанѓанецот го заменува Томас Тухел на тренерската функција, кој беше ослободен по завршувањето на сезоната. Бош пристигна од Ајакс и потпиша договор со „милионерите“ до летото 2019 година.

Во досегашната кариера, пред Ајакс, тој ги водеше Де Графшап, Хераклес, Витесе и Макаби од Тел Авив. Со Ајакс двапати го освојуваше второто место во првенството, а оваа сезона играше финале во Лига Европа, кое го загуби од Манчестер јунајтед.

А Борусија мораше да му плати на Ајакс пет милиони евра обесштетување, затоа што Бош имаше уште две години од договорот со „копјаниците“.

„Возбуден сум и среќен затоа што доаѓам во голем клуб. Едвај чекам во живо да го видам легендарниот ’жолт ѕид’ (трибината со најжестоките навивачи на Борусија). Мојот менаџер ме извести за интересот од Борусија, три часа разговарав со г. Вацке и со г. Цорк. Мое беше да одлучам дали ќе ја прифатам работата. Луѓето беа коректни кон мене, ми понудија што имаат да ми понудат, а јас почувствував дека заедно можеме добро да работиме. Така одлучив да дојдам во Борусија“, изјави Бош...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...