Меси го води Верати во Барселона

Лионел Меси, аргентинскиот виртуоз, не само што е најдобар играч на Барселона туку е и еден од главните луѓе кога се работи за доведување нов играч на „Камп ноу“. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ мора да даде дозвола за да се случи некој трансфер во каталонскиот гигант. Беше лут бидејќи Барселона, во сезоната што измина, не ја одбрани титулата во Примера дивисион, а разочара и во Лигата на шампионите.

Токму поради тоа, тој даде ултиматум дека мора да се доведат квалитетни засилувања и дека во спротивно нема да го продолжи договорот и ќе бара да си замине. Челниците на клубот брзо реагираа и го пикираа италијанскиот репрезентативец од редовите на Пари Сен Жермен, Марко Верати.

Играчот за врска од францускиот гигант важи за еден од најдобрите фудбалери на својата позиција, а во негова корист се и годините што ги има, само 24. Тоа значи дека пред него има уште неколку сезони во кои може да игра на врвно ниво.

Барселона е во потрага по ваков играч, бидејќи потребна е замена за капитенот Андрес Иниеста, кој ја има улогата на „мозок“ во тимот. Тој полека треба да оди во сенка и се очекува на негово место да дојде Верати.

Меси моментно е на одмор на Ибица, каде што е и Верати. Двајцата биле на вечера, на која Аргентинецот го убедувал италијанскиот репрезентативец да се пресели во Барселона. За Верати се интересираше и Јувентус, но понудата од 80 милиони евра на италијанскиот гигант беше одбиена. Се очекува Барселона да понуди барем 100 милиони евра за реализација на овој трансфер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...