Дејан Јакимовски в четврток ќе ја дели правдата на мечот меѓу Видеотон и Балзан од Малта.
Еден од нашите најдобри судии Дејан Јакимовски е делегиран за главен делител на правдата на мечот Видеотон - Балзан од Малта.
Него ќе му помагаат Никола Караколев и Куштрим Лика, кој ќе дебитира на меѓународна сцена, додека четврти е Никола Костенчев. Инаку овој дуел е првиот од првото квалификациско коло во Лигата на Европа.