Алекс Сандро станува најскап дефанзивец во светот!?

Дефанзивецот на Јувентус Алекс Сандро одлучил да го напушти торинскиот клуб и да се пресели во редовите на англискиот првак Челзи. Италијанскиот шампион не сака да го продаде одличниот Бразилец, меѓутоа исто така неможе да ги задоволи сите барања на играчот. А тој се договорил за двојно поголема плата во Челзи односно покачување на годишните примања од 2,8 милиони на 7 милиони евра. Тоа значи дека Јувентус или ќе го продаде фудбалерот во Челзи и ќе заработи од него или ќе го држи сосила во своите редови до истекот на договорот, до 2020 година.

А торинскиот клуб има шанса за одлична заработка ова лето затоа што Челзи нуди 70 милиони евра за овој фудбалер. Од друга страна, ако се оствари оваа зделка Сандро би станал најскапото засилување во историјата на лондонскиот клуб, но ни најскап одбранбен фудбалер во светот. Досегашниот рекорд го држи централниот бек Џон Стоунс кој минатата година прејде од Евертон во Манчестер сити за 55,6 милиони евра.

А Челзи сака да биде многу поконкурентен идната сезона затоа што ги очекува битка на уште еден фронт, а тоа е во Лигата на шампионите. Тренерот Антонио Конте и покрај тоа што на левата бековски позиција го има Маркос Алонсо и тој имаше одлична сезона, Италијанецот го сака Бразилецот кој би бил прв избор, а Шпанецот негова замена.

Сандро минатата сезона одигра 43 натпревари за Јувентус и постигна три гола и запиша седум асистенции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...