Дале милиони евра на девојче за да го добијат СП 2022

Нема мир во Светската фудбалска федерација. Бурно беше во нејзините редови во изминативе неколку години, што кулминираше со апсење на нејзини членови вмешани во корупција за време на гласањето за организација на светските првенства во 2018 и во 2022 година.

Германскиот спортски весник „Билд“ објави проширен извештај на независниот етички истражител Михаел Гарсија, на 403 страници, поврзан со корупција за време на конкурирањето за организирање на мундијалите во 2018 и во 2022 година.

Гарсија беше на чело на етичкиот комитет на Светската куќа на фудбалот, ФИФА, меѓутоа пред три години ја напушти откако таа го преправи неговиот извештај со извртени факти и информации. Таа притоа исфрли делови за кои се сметаше дека не се правно издржани. Во таа верзија од 42 страници, Катар е ослободен од обвинувањата за корупција.

Во проширениот извештај стојат детали за исплата на два милиона долари на банкарска сметка на 10-годишната ќерка на еден од службениците на ФИФА.

Овие тврдења првпат беа објавени од британскиот „Дејли телеграф“ во 2014 година, но беа отфрлени поради недостиг на докази.

Се наведува дека и фудбалската академија од Катар, „Аспире“, на одлучен начин манипулирала со членовите на ФИФА што имале право на глас. Пред гласањето за земја домаќин на СП 2018 и во 2022, тројца извршни членови на ФИФА со приватен авион на катарскиот фудбалски сојуз летнале на забава во Рио де Жанеиро, а за возврат биле барани нивните гласови.

Сепак, нема ништо да се промени со овие тврдења во однос на земјите домаќини на мундијалите 2018 и во 2022 година. Тоа претставува уште едно парче од сложувалката, а кога ќе се соберат сите парчиња, се добива комплетна слика за тоа како се работело во Светската фудбалска куќа под раководство на Сеп Блатер.

Да потсетиме дека на финалната трка за организирање на Мундијалот во 2022 година, Катар ги победи САД со 14:8. Австралија испадна уште во првиот круг, а Јапонија и Јужна Кореја во вториот, односно во третиот круг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...