Мисијата успешна: Бонучи во Милан!

По седум години во Јувентус, италијанскиот централен бек Леонардо Бонучи ги менува клупските бои, овој пат се реши за црвено-црната боја на Милан. Тоа што се чинеше само како шега, лошо смислена шпекулација, станува јаве. Милан и Јувентус се договориле околу трансферот, а познати се и деталите околу договорот на одличниот стопер со новиот клуб. Она што е најважно, Милан се согласи да плати меѓу 40 и 45 милиони евра како отштета, што ќе претставува нов клупски рекорд.



Трансферот на Леонардо Бонучи во Милан ја изненади јавноста на Апенините. И претходно се споменуваше дека Бонучи би можел да го напушти Торино, но и дека ќе ја продолжи кариерата во Англија, а не во Милан. Имено, големите клубови ретко се решаваат да ги продаваат своите најдобри фудбалери на ривалите, но причината за оваа одлука не е позната. Се претпоставува дека тоа било желба на Бонучи, а клубот само му излегол во пресрет.

Ова е уште еден голем трансфер на Апенините по оној од минатата сезона, кога Јувентус го купи Гонзало Игуаин од Наполи. Милан, кој долго време се мачеше да воспостави финансиски баланс, конечно, се стабилизира со доаѓањето на новите газди од Кина и ова лето се расфрла со пари за нови играчи. Кога се чинеше дека завршија работа со привлекувањето на Андре Силва од Порто (38 милиони евра) и на уште неколкумина играчи, со што ја пробија границата од 100 милиони евра, сега „росонерите“ удрија уште посилно. Нема застанување додека не се формира квалитетен тим, кој ќе може да го симне Јувентус од престолот.

Петгодишен договор

А Милан подготвил и фантастични услови за Леонардо Бонучи. Петгодишен договор, според кој годишната плата ќе му изнесува 7,5 милиони евра и уште 2,5 милиони во вид на бонуси, во зависност од неговите перформанси и од успесите на клубот. Со тоа би бил најплатениот фудбалер во Серија А.



Тој го побарал и дресот со бројот 19, и ќе го добие, иако претходно Милан му го даде на Франк Кеси. Но младиот фудбалер ќе мора да му го отстапи на поискусниот. Исто така на стоперот ќе му припадне и капитенската лента.

Бонучи ќе биде деветтото засилување на Милан ова лето. Претходно на „Сан Сиро“ дојдоа: Мусакио, Кеси, Родригез, Андре Силва, Борини, Конти, Чаланоглу, Антонио Донарума.

Освен Бонучи, трансфер на „Сан Сиро“ чека и Лукас Билја. Тој веќе ги договори личните услови и чека зелено светло од Лацио.

Дете на Интер

Бонучи играше за младинските категории на Интер, а во првиот тим беше прекомандуван во 2005 година и одигра само еден меч. Беше позајмуван во Тревизо и во Пиза, а во 2009 година „нероаѕурите“ го продадоа на Бари, и со тоа ја направија најголемата грешка, затоа што тој имаше фантастичен напредок поради што беше повикан во Јувентус.

Иако одигра само еден меч за Интер во Серија А, зад неговото име е запишан трофеј со „нероаѕурите“. Со Јувентус, пак, освои дури шест шампионски титули и уште три трофеи во Купот на Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...