Белградски Партизан ќе игра против Олимпијакос во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, а за да се оствари дуелот меѓу нив, „црно-белите“ ќе мораат да го елиминираат Будуќност. На првиот меч, Партизан славеше со 2:0 и е на чекор до место во наредната рунда.
Инаку, тој никогаш не се соочил со најдоминантната и најдобра грчка екипа, а посебна димензија дава фактот што тимот од стадионот „Караискаки“ е во братски односи со Црвена звезда, вечниот ривал на „црно-белите“.