Бомба за крај! И Мората во Милан

Италијанскиот калчолигаш Милан продолжува со барањето и со купувањето нови играчи. Тој најави дека сака да се врати на старите патеки и затоа летово тргна во поход по нови играчи.

По ангажманот на Андре Силва, Гундоган, Бонучи, Родригез, Билја и многу други, Милан планира да го затвори пазарот со уште една бомба, за крај!

Најнова цел на „росонерите“ е ѕвездата на Реал Мадрид, Алваро Мората. Поточно обновување на интересот за овој фудбалер откако на почетокот на минатиот месец беа одбиени поради слаба понуда.

Шпанскиот репрезентативец рече дека не е задоволен од минутажата што ја добива во Реал и најави заминување. Веднаш се наредија неколку европски клубови кои би сакале да го видат во своите редови. Милан сега има конкретна понуда.

Тој е подготвен да плати 70 милиони евра отштета, а Мората би добивал 10 милиони евра од сезона! Иако сумата за трансфер е помала од онаа што ја бара Реал, можно е да дојде до реализација на понуденото.

„Точно е дека сме заинтересирани за Мората. Ние ја следиме ситуацијата и ќе се обидеме да дејствуваме. Меѓутоа нема да одиме по секоја цена. Мората би го донеле, но само по наши услови“, изјави Масимилијано Мирабели.

А со 10 милиони евра по сезона Мората би бил најплатениот играч во Серија А. Само да потсетиме дека најплатени во Серија А во моментов се Игуаин и Дибала со по 7,5 милиони евра годишно, односно Бонучи во Милан ако ги оствари сите бонуси.

Од Милан најавија дека летово мора да купат еден докажан напаѓач. Освен Мората, на листата се и Андреа Белети и Пјер-Емерик Обамејанг. За Белети треба да се скрши тврдоглавиот Торино кој не сака да чуе за помала сума од 100 милиони евра, додека Обамејанг ќе го чини Милан 80 милиони евра. Оба-Оба доби ултиматум од Дортмунд до 24 јули да направи трансфер или ќе остане во Германија откако претходно му пропаднаа варијантите да се пресели во ПСЖ и во Кина. Но од Милан одлучиле фокусот да го насочат кон Мората кој веќе е добро познат на италијанската јавност и притоа тој добро ја познава Серија А со оглед дека настапуваше за Јувентус. Интересно е што Шпанецот претходно изјави дека не сака да се враќа во Италија и дека сака или во Шпанија или во Англија, но понудата од Милан може да му го промени мислењето. Затоа што десет „милиончиња“ неможе да му понуди секој.

Да потсетиме дека Милан го има на списокот и Ренато Санчез од Баерн но од редовите на германскиот клуб соопштија дека уште немаат добиено никаква конкретна понуда за него. „Росонерите“ веројатно чекаат одговор од Мората пред да видат што ќе прават со младиот Португалец.

Според медиумите во Италија Милан ќе се обиде да го искористи „рецептот“ по кој Баерн го доби Џејмс Родригез од Реал. Позајмица на една година, а потоа откуп на договорот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...