Касано му кажа „чао“ на фудбалот

По само една недела откако потпиша договор со повратникот во Серија А, Верона, италијанскиот ветеран Антонио Касано одлучи да го напушти фудбалот. „Газета дело спорт“, од извори блиски до фудбалерот, информира дека тој ѝ кажал „збогум“ на Верона и дека со тоа, истовремено, се простува од професионалното играње фудбал поради фамилијарни причини или поточно поради носталгија.

Триесет и петгодишниот фудбалер остави длабок белег во италијанскиот фудбал, затоа што настапуваше за многу клубови во Серија А. Почна во Бари, па продолжи во Рома, Сампдорија, Милан, Интер, Парма, а кратко беше и член на Реал Мадрид. За Италија одигра 39 натпревари и постигна 10 погодоци.

Тој е еден од најконтроверзните италијански играчи. Познат е по својата недисциплина и низата инциденти, меѓу кои и славната караница со поранешниот претседател на Сампдорија, Рикардо Гароне, и физичката пресметка во соблекувалната со екстренерот на Интер, Андреа Страмачони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...