Екипите на Баерн и на Арсенал одиграа 1:1 на пријателски натпревар одигран во Шангај, во рамките на меѓународниот Куп на шампионите. Германскиот првак дојде во предност со погодокот на Роберт Левандовски по сомнително досуден пенал. Арсенал изедначи во 93. минута, преку Алекс Ивоби. За Баерн настапи новото засилување Џејмс Родригез. Венгер испробуваше формација 3-4-2-1 со Лаказет во нападот и со Озил и Велбек околу него.