Бернардески е новата „десетка“ на Јуве

Навивачите на Фиорентина уште не можат да го заборават преминот на Роби Баџо во Јувентус, а клубот е на чекор да им приреди уште еден шок. Токму тој трансфер го разбуди гневот на тосканците кон Јувентус, а сега ќе се соочат со уште еден удар, затоа што италијанскиот шампион ќе им го „украде“ миленикот Федерико Бернардески.

Интересот на Јувентус за Бернардески се засили по завршување на сезоната, па се тргна од 30 милиони евра, па 40 милиони евра, плус два во бонуси и некој од играчите на Јуве, Стураро или Ринкон, за на крајот да не бидат вклучени никакви играчи, туку 40 милиони евра, плус пет во бонуси.

Целата работа ја потегнал агентот на играчот, Бепе Боцо, кој по низа разговори со луѓето од Фиорентина, конечно, нашол решение за реализација на трансферот. Јувентус на крајот попуштил и се согласил на сума од 45 милиони евра за бисерот на Фиорентина. Додуша голем улога во целата ситуација одиграл и самиот фудбалер, кој не сакаше да го продолжи договорот и јасно порача дека сака во Јувентус, иако од девет години е во Фиорентина.

Јуве знаел да направи добри проценки, тренерот Макс Алегри инсистирал да му биде доведен италијанскиот репрезентативец, затоа што може да игра на повеќе позиции во тимот, како десно крило, како плејмејкер, зад напаѓачот, што значи дека може да го употребува на различни позиции. Бернардески во Јуве го чека „десетката“, која своевремено ја носел Дел Пјеро, па Тевез, а ќе добие договор од четири милиони евра од сезона.

Го очекуваме наредните денови да притигне во Торино и да го комплетира долгонајавуваниот трансфер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...