Мората: Челзи е најдобриот клуб

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Значи, не во Милан ниту во Манчестер јунајтед, туку кај Антонио Конте во Челзи. „Црвените ѓаволи“ се повлекоа откако го доведоа Ромелу Лукаку, а италијанскиот клуб пројави интерес, меѓутоа Челзи го престигна во потписот за шпанскиот репрезентативец. Како што соопштуваат англиските медиуми, 24-годишниот Мората ќе го собори рекордот на „сините“ за висина на трансфер поставен во 2011 година, кога Челзи го ангажираше Фернандо Торес за 50 милиони фунти. Овој пат Челзи ќе издвои 60 милиони фунти (фиксни) за Алваро Мората, а со бонуси, сумата би достигнала до 70 милиони. Притоа му се исполни желбата на Антонио Конте да види врвен напаѓач ова лето, по фијаското со Лукаку.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето од Реал Мадрид. Знам дека можат да се променат клубови и градови, но, исто така, знам дека поврзаноста засекогаш ќе трае. Му благодарам и на Зинедин Зидан за сѐ што направи за мене и му посакувам среќа во наредната сезона. Наскоро ќе бидам во клубот кој ме сака со години и со тренерот кој ми верува и кој најмногу вложи во мене. Тажно е што го напуштам Реал, но верувам дека иднината во Челзи ќе ми биде одлична. Едвај чекам да ги поминам лекарските прегледи и да почнам со тренинзите во новиот клуб. Немам ништо против да се сретнам со Реал во Лигата на шампионите. Тоа би било фантастичен меч. Пред да дојдам во Челзи, зборував со сонародниците Аспиликуета и Торес и тие ми дадоа неколку совети“, изјави Мората, кој вчера слета во Лондон и уште веднаш пред новинарите ги кажа импресиите околу преминот во редовите на англискиот шампион.

„Челзи е најдобриот клуб. Антонио Конте е еден од најдобрите тренери на светот и јас сум среќен што ќе работам со него“, изјави 24-годишниот напаѓач, кој прашан дали бил блиску да премине во Манчестер јунајтед, одговори:

„Не знам. Најважно е што сум тука, да играм за Челзи. Премиер лигата е едно од најсилните првенства во светот и се радувам што ќе бидам дел од неа“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...