Мората во дилема: Дали да ја земе 9-та?

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Значи, не во Милан ниту во Манчестер јунајтед, туку кај Антонио Конте во Челзи. 24-годишниот Мората го собори рекордот на „сините“ за висина на трансфер поставен во 2011 година, кога Челзи го ангажираше Фернандо Торес за 50 милиони фунти.

Овој пат Челзи ќе издвои 70,6 милиони фунти вклучувајќи ги и бонусите. Притоа му се исполни желбата на Антонио Конте да види врвен напаѓач ова лето, по фијаското со Лукаку.

„Среќен сум што сум тука. Се чувствувам одлично. Ќе работам напорно, за да дадам што е можно повеќе голови. Сакам да освоиме многу трофеи“, изјави Мората.

ПЕТГОДИШЕН ДОГОВОР И ВИСОКА ПЛАТА

Мората, освен што ќе биде најскапиот трансфер на Челзи, ќе биде и најскапиот шпански фудбалер на сите времиња. Тој потпиша петгодишен договор според кој ќе заработува по 155,000 фунти седмично.

ПРОБЛЕМ АКО ЈА ЗЕМЕ „ДЕВЕТКАТА“

Пред Мората е дилемата дали да го облече дресот со број 9 со оглед на проклетството кое ги следи фудбалеритре кои го носеле овој број. Почнувајќи од 1999 година само за Џими Флојд Хаселбенк може да се каже дека достојно ја носел деветката, сите други не се прославиле. По него „деветката“ ја носеле Матеја Кежман, Ернан Креспо, Фернандо Торес, Стив Сидвел, Франко ди Санто, Радамел Фалкао и сите не го издржале товарот.

Сидвел и Ди Санто дури не постигнале ниту еден гол за време на својот престој на „Стемфорд бриџ“. Затоа Мората треба добро да размисли дали да ја носи деветката или да се потпре на бројот 21 кој го носеше во првиот мандат во Реал Мадрид.

НАЈСКАПИТЕ ШПАНСКИ ИГРАЧИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА:

1. Алваро Мората од Реал во Челзи 70,6 мил. фунти

2. Фернандо Торес од Ливерпул во Челзи 50

3. Гаизка Мендиета од Валенсија во Лацио 40,1

4. Хуан Мата од Челзи во Манчестер j. 37,1

5. Давид Виља од Валенсија во Барселона 34



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...