Скопје го доби својот Супер Куп сјај

За 14 дена ќе започне долгоочекуваниот УЕФА Супер Куп 2017 на Телеком Арената во Скопје. Град Скопје детално се подготвува за овој голем настан и деновиве градот блесна во својот Супер Куп сјај.

Покрај подготвеното информативно видео и бројните активности кои се планирани за верните навивачи на двата фудбалски клубови, скопското Кале се осветли во официјалните бои на УЕФА Супер Купот. Со веќе поставените билборди и знамиња, градот дополнително ќе биде разубавен каде со својот нов изглед истиот се очекува да ги надмине очекувањата на сите за претстојната еуфорична атмосфера за време на натпреварот.

Скопје со нетрпение очекува победникот на Лигата на Шампионите, Реал Мадрид, и победникот на Лига Европа, Манчестер Јунајтед, да ги одмерат силите за престижниот УЕФА Супер Куп 2017.

Град Скопје ја организира „неутралната фан зона“ која ќе биде лоцирана на плоштад „Македонија“. Во оваа зона ќе се организираат голем дел од предвидените активности и ќе биде овозможена богата музичка програма со познати изведувачи и диџеи.

За оваа зона интерес покажаа четири од осумте официјални партнери на УЕФА, интерес кој досега се нема случено на друг Супер Куп. На 7ми и 8ми август активностите и музичката програма ќе започнат во 11.00 часот и ќе траат сè до 19.00 часот.

ФФМ и Град Скопје во пресрет на УЕФА Супер Купот 2017 со заеднички сили се претставија како едни од најголемите амбасадори на Македонија, со вложените напори и организација, главниот град да се претстави во вистинско светло за време на еден ваков голем спортски настан кој за прв пат се оддржува во државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...