Балотели: Најдрагиот гол во кариерата

Бразилецот вели ова му е погодокот на досегашната кариера. Среќен за постигнатото, ветува и повеќе.

За успехот се „виновни“ сите од Вардар. И стручниот штаб, и играчите, и раководството и сите оние што се поврзани со таборот на „црвено-црните“. Меѓутоа победата над Копенхаген ја донесе голот на Балотели. Бразилецот, на некој начин, се извади за онаа неискористена шанса на стартот од вториот дел, со тоа што успеа да стрела во мрежата на противникот.

„Ова беше мојот најдраг гол во кариерата. Да се победи ваков голем тим не е мала работа, а уште со мојот гол“, изјави Балотели.

„Штета што не успеав порано да реализирам, иако имав шанса. Сепак, нивниот стопер ме стигна и успеа да ме блокира. Ова е важна победа. Сакавме триумф, и го остваривме. Се надевам дека ќе биде доволен да поминеме понатаму“, рече Балотели.

Што го чека Вардар на реваншот?

„Треба да играме исто, да дадеме гол и таму. Јас мислам дека ќе имаме шанси, и ќе треба да ги реализираме. Атмосферата во екипата е одлична и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил. Исто така, благодарност и до прекрасната публика“, вели Бразилецот во нападот на Вардар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...