Суперкупот на УЕФА стартуваше во 1972

Остануваат уште три дена од фудбалскиот спектакл, дуелот од Суперкупот на УЕФА помеѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, што е најголем спортски настан во историјата на Македонија. Интересот е голем, арената „Филип Втори“ ќе блесне во сиот свој сјај, па големите ѕвезди на двете екипи ќе ги почувствуваат теренот и атмосферата на нашиот најголем стадион. Дуелот меѓу европскиот првак и освојувачот на Лига Европа привлекува огромно внимание. Се работи за најбогатите, највредни и највлијателни фудбалски клубови во светот, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Каде и да играат, не може да нема публика. Едноставно, тие се магнет за фудбалските љубители.

Реал ќе го игра третиот меч за Суперкупот во последните четири години, додека Манчестер јунајтед се враќа во игра за трофејот по девет години пауза.



Како прво, да кажеме дека Реал Мадрид има пет финалиња во европскиот Суперкуп и трипати го освојуваше пехарот (2016, 2014 и 2002), а губеше во 1998 и во 2000 година. Манчестер јунајтед само еднаш му се израдува на драгоцениот пехар, и тоа во далечната 1991 година. Генерацијата на Шмајхел, Ирвин, Брус, Палистер, Меклер, Инс и на Хјуз го победи тогашниот европски првак Црвена звезда со 1:0. Следните две финалиња во 1999 и во 2008 година ги загуби (од Лацио и од Зенит).

ПРВПАТ ВО 1972 ГОДИНА

Суперкупот на Европа првпат се одиграл во 1972 година. Првично за трофејот се бореле освојувачот на европската круна и победникот во поранешниот Куп на победниците на куповите, а подоцна, откако се укинало тоа натпреварување, се играл меч меѓу европскиот првак и освојувачот на Купот на УЕФА/Лигата на Европа.

Па така, првиот дуел во Суперкупот го одиграле Ајакс и Глазгов ренџерс. Холандската екипа двапати го победила шкотскиот тим (3:1 на гости и 3:2 дома). Сѐ до 1997 година, се играле два меча по принципот дома-гости, и тоа во зимскиот период, поради тоа што клубовите имале слободно време (со два исклучока). Потоа е воведен еден меч во август, пред почетокот на новата сезона.

Трипати не се одржал: во 1975 година, Баерн и Магденбург не излегле на мегдан, во 1981 година не се сретнале Ливерпул и Динамо Тбилиси, односно Јувентус и Евертон не го одиграле мечот во 1985 година.

Во првите два случаи, ривалите не можеле да најдат слободен термин за одигрување на мечот, додека во третиот случај, поради забраната за англиските клубови за учество во европските купови, Евертон бил лишен од можноста да се бори за трофејот.

Во 1993 година, Милан доби шанса да се бори за пехарот против Парма, откако УЕФА го суспендираше тогашниот европски шампион Марсеј поради скандалот со местење натпревари (Милан беше финалист на Купот на шампионите). „Росонерите“ загубија во двомечот со „млекарите“.

Од 1998, па до 2012 година, домаќин на УЕФА- суперкупот биле Монте Карло и стадионот „Луј Втори“. УЕФА реши од 2013 година натпреварот да се игра во различни европски градови поради фудбалските фанови и комерцијалните цели. Па така, првиот дуел надвор од Монако се одигра на арената „Еден“ во Прага, следуваа Кардиф, Тбилиси, Трондхајм, а сега Скопје. Идната година, домаќин ќе биде Талин.

БАРСЕЛОНА И МИЛАН НАЈТРОФЕЈНИ



Најтрофејни на ова натпреварување се Барселона и Милан, кои имаат по пет трофеи. Барселона има и четири загубени финалиња, а Милан две. Следуваат Ливерпул и Реал Мадрид со по три пехари од Суперкупот.

По држави, пехарот најмногу ја посетил Шпанија, затоа што шпанските клубови 13 пати се радувале на триумф. Следува Италија со девет триумфи, па Англија со седум...

Дваесет и три пати пехарот го освојувале екипите што биле европски прваци, 12 пати оние што триумфирале во Купот на победниците на куповите, а седумпати освојувачите на Лига Европа/Купот на УЕФА.

Милан е единствениот клуб кој двапати едноподруго го освоил трофејот (1989 и 1990).

ПЕП И КАРЛО СО НАЈМНОГУ ТРИУМФИ

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола и Италијанецот Карло Анчелоти по трипати го освојувале овој трофеј. Пеп двапати победуваше со Барселона и еднаш со Баерн Минхен. Анчелоти двапати со Милан и еднаш со Реал Мадрид. Сер Алекс Фергусон со Манчестер двапати му се радуваше на трофејот, а и двапати губеше во финалето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...