Мурињо: Тука има место само за најдобрите

Од ланската сезона, тренер на Манчестер јунајтед е големиот Жозе Мурињо. Гигантот од Англија долго време „талкаше“ да го најде вистинското решение, вложи многу пари во екипата, меѓутоа успехот никако не доаѓаше. И успеа Мурињо во својот прв мандат како тренер на „ѓаволите“ да дојде до трофејот во Лигата на Европа, кој, според него, не е воопшто лесно да се освои.

Смета дека Реал Мадрид, како европски првак, е фаворит на овој меч и дека неговиот тим ќе се обиде да дојде до победата.



На вчерашната прес-конференција, Мурињо објасни и потсети на времињата кога беше тренер на „кралскиот клуб“, и сега како тренер на Манчестер. Бејл, Пандев, жешкото време беа главните теми за кои зборуваше Португалецот на вчерашниот прес.

Зидан не покажуваше амбиции за тренер

На прашањето дали некогаш очекувал дека Зидан ќе биде тренер на Реал и дали тој добро си ја врши работата, Португалецот одговори:

„Резултатите што ги има зад себе, покажуваат дека е добар и дека е добро решение. А дали мислев дека некогаш ќе биде тренер, не можам да кажам. Затоа што кога бев во Реал, тој никогаш не покажа амбиции дека ќе биде на клупата. Малку по малку, и самиот тој почувствува дека сака да стане тренер и еве го како предводник на Реал Мадрид. Добро ја врши работата, освојува титули, и тоа покажува дека е вистинското решение“, вели Мурињо.

Роналдо не, Бејл можеби



Тренерот на Манчестер не успеа да го доведе во своите редови Кристијано Роналдо, кој за еден момент најави дека може да замине од таборот на „кралевите“. Дали, можеби, беше блиску до Бејл:

„Воопшто не размислувам за можноста да го вклучам Бејл во мојот тим. Освен ако не е во плановите на Реал Мадрид, тогаш, можеби, ќе се обидеме. Едно знам, дека вечерва ќе го пречекам на другата страна и во иднина ќе се обидам да се борам со другите тренери кои сакаат да го видат во својот тим. Ако игра утре, тогаш тоа ќе биде најдобрата потврда дека Реал смета на него за оваа сезона“.

Кога бев во Реал, не можевме до полуфиналето

Разликата помеѓу неговиот Реал Мадрид и сегашниот, според Мурињо, е тоа што неговиот тогаш не можеше да дојде до завршницата во Лигата на шампионите.

„Основната разлика кога јас бев во Реал Мадрид е тоа што никогаш не можеше да дојде повеќе од 1/4- финале. А кога си заминав, тоа беше тим кој имаше три полуфиналиња од Лигата на шампионите, беше шампион на Шпанија и беше подобар од Барселона. Тоа кажува дека има напредок. Но, кога јас бев во Реал, секогаш давав сѐ од себе, дури и повеќе за да постигнеме успех и за да дојдеме до трофејот во Лигата на шампионите“.



Не е лесно да се освои ЛЕ

Манчестер пред неколку месеци дојде до трофејот во Лигата на Европа, кој, според Мурињо, не било лесно да се освои.

„Очигледна е разликата во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Верувајте дека е многу тешко да се освои Лигата на Европа. Има многу долги и тешки патувања, но нема мотив како што е тоа во Лигата на шампионите. Во ЛШ, кога ќе влезете во полуфиналето, знаете дека сте меѓу најдобрите четири тима. Разликата е во квалитетот, но на вечерашниот натпревар сѐ е можно. Многупати освојувач во ЛЕ го победувал победникот во Лигата на шампионите“, смета Португалецот.



Се подготвувавме на дожд

Македонија се пече на 40 степени во овие мигови. За Мурињо, навистина е тешко да се игра во такви услови, меѓутоа вели дека ќе уживаат на мечот.

„Знаев дека е вакво времето тука и бидејќи се вративме во САД, решив да тренирам во Манчестер во 16 часот попладне. Но, за наша несреќа, секој ден врнеше“, рече Мурињо и додаде:

„Реал Мадрид е во некоја предност во однос на ова прашање, затоа што таму е пожешко. Мораме да играме, мораме да уживаме во секој момент. Не се случува секој ден играч да биде дел од ваков натпревар, освен ако не сте дел од Реал или од Барселона. Ова е посебен момент за нас и треба да уживаме. Дали времето е добро или не, тоа не е важно“, вели Мурињо.

Не ја обвинувам Џенова за Пандев



Горан Пандев, нашиот најдобар играч, сепак, нема да биде на вечерашниот меч. Поради обврските со Џенова, тој ќе мора да биде на тренинг на својот тим. Мурињо имаше свој коментар.

„Не сакам да бидам во позиција на мојот колега во Џенова. Тој би рекол да се грижам за мојата работа. Единствено што можам да кажам е дека Горан, веројатно, е најдобриот играч во македонската историја. Неговото име е најсилно, и име на фудбалот. Ова е посебен момент за него и за неговата земја. Видете, приватен авион може да направи чуда, може да дојде на натпреварот и да си замине. Но јас не го обвинувам тренерот на Џенова доколку не го пушти“, смета Мурињо.

Реал е најдобриот тим во светот

Мурињо е почестен што има можност да игра против европскиот првак.

„Многу ми е мило што имаме можност да играме против европскиот шампион. Уште подобро со Реал Мадрид, тим со најдобра историја, најдобра екипа во светот. Со голем дел од играчите останав пријател, имаме врски, но со некои од нив тие не постојат. Тоа не е само во Реал туку и во другите тимови каде што сум бил. Не постои таков играч кого не би го поздравил“, заврши Мурињо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...