Официјално Стефан Ристовски нов член на Спортинг Лисабон

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски и официјално е нов член на португалскиот клуб Спортинг. Тимот од Лисабот и oфицијално го претстави Ристовски како ново засилување.

Македонскиот фудбалер кој ги бранеше боите на хрватскиот шампион, Риека, потпиша едногодишен договор и ќе ги игра како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција да биде целосно откупен на крајот од истата.

- Среќен сум што се реализира трансферот и ми се оствари сонот. Со нетрпене чекам да започнам, пристигнав во голем клуб. Верував дека ќе ми се укаже шанса и еден ден ќе потпишам за голем клуб како Спортинг. Сакам да го прикажам најдоброто од себе. Нема да давам ветувања, но можете да бидете сигурни дека ќе го дадам максимумот за овој дрес и овие фанови, изјави Ристовски.

Во недостаток на официјални информации околу трансферот на македонскиот репрезентативец, медиумите во Португалија, веќе излегоа со претпоставки дека

Спортинг го донесе Ристовски за сума од 3,5 милиони евра, но веднаш му постави откупна клаузула од фантастични 45 милиони евра. Според договорот, Ристовски ќе остане во Лисабон една сезона, а по нејзиниот крај, португалскиот клуб ќе одлучи дали ќе го задржи во своите редови, бидејќи има право на откуп на комплетниот негов договор од Риека.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...