Клубовите ставаат клаузула против ПСЖ

Пари Сен Жермен покажа дека со многу пари може да ги исполни сите свои желби и да доведе секого во своите редови.

Неодамна „светците“ дадоа 222 милиона евра за активирање на клаузулата на договорот на Нејмар со Барселона, и го доведоа бразилскиот фудбалер во своите редови. Поради тоа, на клубовите им стана јасно дека високите откупни клаузули не се повеќе пречка за богатите клубови како ПСЖ, кои имаат непресушен извор на пари.

Последната информација е дека ПСЖ сака да го купи и голманот на Атлетико, Јан Облак, и дека веќе подготвил 100 милиони евра за него. Моментално за француската екипа брани Кевин Трап, но раководството сака големо име и квалитетен голман.

Затоа Атлетико може да биде првиот клуб кој ќе направи нешто за да ги оттргне налетите на Пари Сен Жермен, со тоа што ќе воведе клаузула против ПСЖ. Мадридскиот клуб сака да го редефинира договорот со Облак и да стави откупна клаузула од 150 милиони евра, плус забрана тој да премине на „Паркот на принцовите“. Атлетико има забрана за регистрирање нови играчи и заминувањето на 24-годишниот Словенец би било погубно за него, со оглед на тоа дека нема квалитетна замена.

А оваа идеја на Атлетико може да ги поттикне и другите клубови да ставаат слични клаузули само да ги спречат парижаните да им ги „украдат“ нивните ѕвезди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...