Работнички и Ренова денес се среќаваат во Ѓорче

Интересно, квалитетно и, секако, неизвесно ќе биде на мечот Работнички - Ренова, кој се игра денеска, во Ѓорче, со почеток од 17 часот. Ова ќе биде дуел на старите добро познајници, долгогодишни ривали, кои некогаш грчевито се бореа и за титулата, но и за пласман во Европа.

Работнички оди на стартни три

Себастијан Херера, левиот офанзивен бек на „романтичарите“, верува дека неговиот тим може да го добие овој натпревар.

„Во секој случај, тежок меч за двете екипи. Ние во Работнички сакаме да одиграме, но и сме подготвени за добар натпревар. Ренова ја цениме, но не криеме дека сакаме победа и стартни три бода“, истакна Херера.

Незири: Дуел на два израмнети тима

Ренова доаѓа во Ѓорче со Влатко Костов, некогашен тренер и на Работнички.

„Штета што не се игра на арената. Имено, и Работнички и Ренова имаа квалитетни состави кои сакаат да играат добар фудбал и затоа добар терен им одговара на двете екипи. Инаку, секој стартен меч е тежок за играње, тука секако дека е и пеколно топлото време, но не е време сега да се жалиме, време е за добар фудбал. Ренова смета дека може да дојде до добар резултат на меч на кој се среќаваат два израмнети тима“, истакна Меџит Незири.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...