Коста се жали: Ме третираат како криминалец

Најдобриот стрелец на Челзи од минатата сезона, Диего Коста, сега е на маргините од екипата. Голгетерот кој беше еден од најзаслужните што Челзи стана првак на Англија, се жали дека во клубот го третираат како криминалец и дека уште не е најдено решение за неговата ситуација. Тој најави дека летово сака да си оди, но засега нема позитивен одговор од управата на тимот од „Стемфорд бриџ“.

„Чекам да ме пуштат. Не сакав да си одам, бев среќен, но кога тренерот повеќе не ве сака, тогаш морате да си заминете. Во јануари се случи таа работа со тренерот. Бев на чекор до потпишување нов договор, но сѐ е стопирано. Претпоставувам дека зад сето тоа стои тренерот. Го почитувам како еден одличен тренер кој направи многу работи за Челзи, но не и како личност. Тој не е близок со играчите. Многу е далечен и нема харизма", објаснува Коста за односот со Конте.

Напаѓачот имаше понуда да замине во Кина или да се врати во Шпанија, во екипата на Атлетико Мадрид, но засега нема ништо од такво нешто.

„Сакаат да тренирам со резервниот тим. Не би ми биле дозволени пристап во соблекувалната и контакт со соиграчите од првиот тим. Па јас не сум криминалец! Не е фер да ме третираат така по сѐ што сторив за клубот. Сакам овој месец да се постигне договор со Атлетико. Одбив многу други понуди. Сакаа да ме продадат во Кина. Но сакам да одам во клуб каде што сакам јас, а не во некој што дава најмногу пари. Подготвен сум да се вратам и во Бразил на една година и да не играм, без оглед на тоа што Челзи, веројатно, би ме казнил или ми ја намалил платата", вели Коста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...