Вардар „гасне“ фенери со победа од 2:0

Супер Вардар. Супер победа од 2:0 за нашиот првак во првиот меч од плејофот во Лигата на Европа. Стрелци на головите беа Барсегјан во 20. минута и Топал во 90+2 минута кој си даде автогол за голем триумф на вардарци.

Моќен Вардар. Вардар има шанса да се најде во групната фаза од ЛЕ со оглед на тоа дека во првиот меч од ЛЕ успеа да го победи големиот Фенербахче со 2:0. Супер резултат за Вардар пред реваншот во Истанбул за седум дена.

Вардар одигра зрело, одигра мудро и тоа предводен од Чеде Јаневски. Сеакако дека своја заслуга има и тој но и таа 20.000 публика која му даде крилја на Вардар.

По неколкуте обиди за добри акции па и за создавање на шанси, во 20. минута ерупција на „Филип Втори“. Вардар поведе со 1:0 и тоа со голот на Барсегјан кој одлично се снајде по левата страна, дојде до околу 10 метри од голот на Камени и со прецизен шут го матираше голманот на Фенербахче.

Неколку подоцна минути турците имаа шанса преку Потук но Гачевски беше на свое место.

Во вториот дел Фенер нападна со сите сили, но Вардар добро се бранеше и преку контри се обидуваше да го зголеми водството. Голема шанса за такво нешто имаше Хамбарѕумјан во 77. минута но неговиот волеј удар не заврши таму каде што сите посакувавме.

Но затоа дојде таа 90+2 минута кога Топал не израдува сите а ги стаписа своите фудбалери откако си даде автогол за 2:0, за еуфорија на „Филип Втори“. На крај да додадеме дека црвени картони заработија Грнчаров кај Вардар и Соуза кај Фенер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...