Ганчев доаѓа да ја потполни стоперската позиција на новиот прволигаш од Струмица
Горан Ганчев по неколку години интернационална кариера во Индонизија, се враќа во Македонија. Тој ќе го носи дресот на Академија Пандев во новата сезона и ќе биде засилување на стоперската позиција.
Токму стоперите беа „најтенката“ позиција за „Академците“, и сега доаѓа искусниот Ганчев кој што настапуваше во нашата земја за Тиквеш, Маџари, Милано, Башкими, Пелистер, а потоа отиде во БиХ во Железничар, во хрватската екипа Интер Запрешиќ, а последните години ги мина во Индонезија.