Јаневски: Да останеме мирни пред реваншот со Фенербахче

Шефот на стручниот штаб на Вардар Чедомир Јаневски во својот прв натпревар во Првата лига на Македонија како тренер на Вардар, вчера стигна до трите бода во дуелот со Победа.

Тој изрази задоволството од играта и резултатот (4:0) на „црвено-црните“ и побара од своите избраници да останат смирени во пресрет на реваншот со Фенербахче во баражот за Лига Европа.

- Пред мечот им реков на моите играчи дека влегуваме во сосема поинаков натпревар и дека треба да заборавиме она што не очекува во Лигата на Европа. Мораше да се остане фокусиран кон она што е нашата приоритетна цел, а тоа е освојување на шампионската титула во домашниот шампионат. Реков дека ќе биде доста различен меч од оној што го одигравме во четврток. Моравме да бидеме концентрирани од почетокот до крајот на средбата за да ги освоиме трите бода. Играчите ги исполнија сите задачи кои ги работевме во овој краток период колку што сум во Вардар. Видов подобрување за разлика од последниот натпревар со Фенербахче, иако денеска игравме против сосема друг противник. Задоволен сум од прикажаното со оглед дека постигнавме четири гола, а не примивме ниту еден. Тоа не е лесно под вакви услови. Сега треба да останеме мирни, и да внимаваме како ќе се одмориме и како ќе се подготвиме за следниот натпревар кој што следува, тоа е мечот со Фенербахче во Лигата на Европа, изјави Јаневски.

Вардар вo четврток во Истанбул против фаворитот Фенербахче ќе ги брани скопските 2:0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...