Стјепановиќ една година во Работнички

Повремениот македонскиот репрезентативец Остоја Стјепановиќ е најновото засилување на Работнички, откако потпиша едногодишен договор за соработка со „романтичарите“.

Искусниот Стјепановиќ треба да биде големо засилување во средниот ред за тимот предводен од тренерот Виктор Треневски.

- Доаѓам во клуб со високи амбиции, сигурно еден од најдобрите на домашната фудбалска сцена. Лесно постигнавме договор со раководството на клубот за идна меѓусебна соработка. Верувам дека во иднина ќе продолжат резултатските успеси на тимот, како и досега, истакна 32-годишниот фудбалер.

Претходен клуб на Стјепановиќ беше полскиот Сласк Вроцлав, а во својата богата кариера има настапувано и за Македонија ЃП и Вардар во Македонија, како и српските Партизан, Чукарички и ОФК Београд, австрискиот Матерсбург, Висла Краков во Полска како и АЕЛ Лимасол на Кипар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...