Несторовски постигна два гола па доби црвен картон

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ги постигна двата гола за својот тим Палермо во пресврт победата над Про Верчели синоќа во последниот дуел од 6.коло на италијанската Серија Б.

Палермо победи со 2:1, а капитенот погоди во 25. и 51. минута. Претходно гостите први поведоа во 20. минута.

Несторовски кој беше најдобар фудбалер на теренот на пет минути пред крајот доби втор жолт картон, што автоматски значеше и црвен и исклучување.

Неговиот тим успеа да ја задржи предноста до крајот, но за следниот дуел, на гости против Асколи, во составот ќе го нема Несторовски.

За Палермо настапи и вториот македонски репрезентативец Александар Трајковски кој беше заменет во 64. минута.

Палермо е единствениот тим без пораз оваа сезона. По шест рунди лидер на табелата е Перуџа со 13 бодови, пред Фросиноне со 13 и Палермо со 12.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...